(ВИДЕО) Василевска: МВР да го разјасни случајот со сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура

Од:

МВР на Оливер Спасовски речиси две недели сеуште не се изјаснил официјално околу сообраќајната несреќа која ја предизвика заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, изјави денеска Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„За ваше потсетување Владимир Лазовски, заменик министерот за култура во Владата на Заев направи сообраќаен прекршок со којшто злоупотреби службено возило за којшто не поседуваше документација за дозвола за управување, понатаму загрози човечки живот и причини материјална штета на недолжен граѓанин на Република Македонија кој ги почитува сообраќајните прописи и злоупотребувајќи ја својата позиција и својата функција покажа уште еднаш демонстративно дека оваа Влада својата неинвентивност ја користи на начин што предизвикува насекаде нереди и хаос со којшто го загрозува животот на македонските граѓани.

МВР и Спасовски како и заменик министерот за култура, Лазовски треба да знаат дека тие се избрани од граѓаните како што не се и ќе заминат со одлука на граѓаните какошто треба и оттаму сакаме да потсетиме и да запрашаме дали метлата којашто ја понуди Драган Спасов-Дац кој пред речиси пред неполна година исто така во пијана состојба како висок државен функционер направи тешка сообраќајна несреќа, а сега демонстрира чистење или метла или исправување во редовите на СДСМ и оваа ненародна власт.

Дали навистина овој перформанс ќе го опфати Лазовски како и Зоран Заев кој дозволува да се случуваат вакви неправилности во македонската држава? Ве повикувам на одговорност, ве повикувам на совесност и посакуваме да се разјасни случајот со најдобри намери за Република Македонија.“, објасни Василевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ