(ВИДЕО) Василевска: Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев?

Од:

Господине Заев се правите при очи слеп, a при уши глув. Бидејќи велите дека првин сакате да ги слушнете снимките, па да побарате оставка од Рашковски, во продолжение ќе го емитуваме аудио материјалот кој излезе во медиумите, а кој индицира на криминал тежок 7 милиони евра, се обрати Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција.

„Да слушнеме:

Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш.

Аудио материјалот, кој беше објавен во медиумите, ќе биде проследен до сите медиуми по оваа прес конференција, за да може господинот Заев да го слушне. Доколку и по денешната прес конференција и пуштањето на аудио материјалот, Заев не побара оставка од Рашковски се потврдува веќе кажаното од наша страна, дека Рашковски работи исклучиво по насока на Зоран Заев и дека авантата од 7 милиони евра е договарана во име и за лична корист на Заев.

Имајќи ја предвид сериозноста на случајот, како и чувствителноста на истиот сметаме дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да побара притвор за Рашковски.

Индициите се дека Рашковски извршил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 со што му се заканува казна затвор од над 5 години затвор.

Дополнително повеќе треба да се реагира, ако се земат во предвид обвинувањата на Ваљон Беља, економски директор на Клиничкиот центар во Скопје, кој кажа дека Рашковски е вмешан и со земање мито од тендери во здравството.

Дали Рашковски е главниот собирач на рекет и мито за Зоран Заев, дали ја имаме новата парола на Заев – „едно евро за Вицето, едно евро за Рашко“? Одговори мора да има. Одговорност уште повеќе.

Република Македонија е заробена држава. Македонскиот народ бара правда. Македонскиот народ има потреба од правна држава и институционализирање на сите случаи за кои што постојат индиции за сторено прекршување во рамките на Уставот и законите.“, заклучи Василевска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ