(ВИДЕО) Васев: За внатрепартиски интереси Мицкоски кочи важни државни процеси

Од:

„Со месеци Христијан Мицкоски и неколку негови соработници, ја лажеа јавноста дека има ново парламентарно мнозинство, дека Владата предводена од СДСМ само што не паднала.

Со месеци Мицкоски живееше во фатаморгана дека станува премиер.

Заради лични калкулации во белиот дворец, Мицкоски и неговите поддржувачи со месеци ги блокираат важните процеси за иднината на државата“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„На крајот, се потврди дека сите лаги, сите блокади и опструкции се со една цел – спас на фотелјата на Мицкоски во белиот дворец.

Внатрешните пресметки за превласт во белиот дворец Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ги прекршат врз грбот на граѓаните.

Крајно време е пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со деструкциите и да научат нешто од дебаклот што го доживеаја.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да се вразумат и конечно да се престројат на страната на граѓаните и државата. Со или без нивната поддршка, реформите во интерес на граѓаните ќе продолжат, ќе продолжи напредокот на државата.

Граѓаните шест пати ги поразуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе го сторат тоа и повторно затоа што знаат дека од белиот дворец добиваат само лаги, измислици и деструкции“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата