(ВИДЕО) Васев: ВМРО-ДПМНЕ ги дели граѓаните, СДСМ ги обединува во едно општество за сите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од Никола Груевски е партија симбол на поделбите, на конфликтите на кавги надвор и дома.

11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, создаваше поделби меѓу граѓаните и ја држеше државата изолирана.

Таквата матрица на поделби, конфликти и раздор меѓу граѓаните, денес се уште е силно присутна во белиот дворец зад мене.

Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, под превезот на лажен патриотизам ВМРО-ДПМНЕ и денес работи на поделби на граѓаните и сака да ја врати државата назад“, вели Стефан Васев од СДСМ.

„За разлика од нив, СДСМ како одговорна партија продолжува да работи во интерес на сите граѓани и останува предводник на концептот едно општество за сите.

СДСМ е партија на сите граѓани и работи на постојано унапредување на меѓуетничките и меѓучовечките односи.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што се обидува да го создаде ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа на 12-ти април гласачите ќе направат разлика и ќе застанат зад политиките на заедништво и соработка што ги промовира СДСМ.

На 12 април следува нов пораз за поделбите што ги промовираат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните