(ВИДЕО) Васев: Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, лаже за своето образование, се срами или го потценува нашиот Универзитет

Од:

„Татиниот асистент, Христијан Мицкоски, под притисок на јавноста се обиде да се оправда за своите лаги дека магистрира и докторирал во Италија и Германија, но дополнително се заплетка.

На средбата со бугарскиот премиер Борисов, Мицкоски рече дека бил стипендист на италијанската влада, дека таму поминал магистратура а докторат во Германија.

Вчера, од белиот дворец Мицкоски рече дека не е така.

За Мицкоски е нормално да лаже за сопственото образование“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Може само да замислиме колку лаже за политика.

Мицкоски го потценува Универзитетот Кирил и Методиј.

Или се срами што станал асистент кај својот татко на Машинскиот факултет?

Ваквото лажно однесување на Мицкоски е многу лош пример.

Каква порака им праќа Мицкоски на младите?

Човек кој станал асистент кај сопствениот татко, кој научните трудови ги пишувал заедно со татко му ги лаже граѓаните за своето образование, го омаловажува Универзитетот Кирил и Методиј.

Затоа младите не му веруваат на Мицкоски и затоа младите на 12 април ќе бидат предводници во победата над погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус