(ВИДЕО) Васев: Со потпис на Милошоски уапсениот дипломат бил праќан во различни држави

Од:

Се гледа дека криминалните структури на фамилијата се видно загрижени од скандалот со македонските дипломати, па сега очајно се обидуваат да фрлаат магла во очите на македонските граѓани, изјави Стефан Васев од СДСМ на денешната прес конференција.

„Вистината е сосем поинаква од она што се обидува да го прикаже ВМРО-ДПМНЕ. Миле Миленковски, сега притворен во Србија по потерница од Ерменија, во 2009 година е испратен во Детроит, САД, со решение од Антонијо Милошоски. По четири месеци, повторно со ова решение од Милошоски е пратен во амбасадата во Вашингтон. Во 2011 година исто така со решение на Милошоски е испратен во конзулат во Чикаго, останува до 2014 година, а по само една година, со решение на Никола Попоски е испратен во ОБСЕ во Виена“, вели Васев.

Според него, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината и вели дека истрагата ќе ги даде одговорите на клучните прашања.

„Дали во време на ВМРО ДПМНЕ имало цела разработена криминална шема, раководено од Мијалков, во која вакви видови услуги се нуделе на црниот пазар? Антонијо Милошоски, кој патем има судска пресуда во Германија, треба да одговори дали помагал во обезбедувањето приватни авиони за оваа криминална шема? Дали тие пари завршувале во белиот дворец? И дали токму Антонијо Милошоски во име на Сашо Мијалков и Груевски, до ден денес одржува блиски контакти со овие и слични структури?“, прашува Васев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната