(ВИДЕО) Васев: Опструкциите на Мицкоски зборуваат дека е против сѐ

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од докажаниот губитник Христијан Мицкоски е против секој процес, против секоја реформа што е во интерес на граѓаните и државата.

Лажни вести и деструкција се единственото нешто што ВМРО-ДПМНЕ им го нуди на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа против членството во НАТО, беа против Законот за јавно обвинителство. Се противеа на зголемување на минималната плата, на покачувањата на пензиите, беа против повратот на ДДВ за граѓаните“, рече Стефан Васев од СДСМ.

„Денес, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против спроведување попис. Се противат на оваа статистичка операција важна за креирање на идни мерки и политики за развој на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат државата да добие релевантни податоци за структурата на населението, на домаќинствата, на стопанството.

За потсетување, поради политички калкулации ВМРО-ДПМНЕ не успеа да спроведе попис во 2011 година и ја остави нашата држава како единствена во Европа без спроведен попис.

Денес како опозиција се обидуваат да спречат одржување попис со цел државата да остане две децении без спроведен попис.

Одовде од пред белиот дворец му порачуваме на Мицкоски дека неговите деструкции, блокади и кочења одново ќе бидат поразени.

Република Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди, по сите критериуми на Евростат.

И по шест порази Мицкоски не ја учи лекцијата и останува на погрешната страна. Затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски