(ВИДЕО) Вархеји: Од вас очекуваме брзо и ефикасно справување со корупцијата

Од:

Западен Балкан може да стане најпривлечниот регион за инвестиции во светот, изјави еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.

„9 милијарди евра преку ИПА 3, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за поддршка на Западен Балкан испраќа порака за евопската перспектива на регионот“, рече Заев.

Тој изјави дека вчера 80 милиони евра легнале на сметката на Буџетот на Македонија, а останатите 80 милиони евра ќе бидат во претстојниот период.

Вархеји рече дека од нас за возврат ќе се очекува брзо и ефикасно сузбивање на корупцијата и владеење на правото.

За успешноста на инвестицискиот план, Вархеји како важни ги наведе имањето дигитална инфраструктура и зелената енергија.

Според Вархеји, инвестицискиот план е значаен поттик за економијата на Западен Балкан.

„Ни требаат резултати за да можеме да ја прикажеме вашата заложба пред нашите земји членки“, рече Вархеји.

Според него, замената на јагленот со гас, ќе го намали загадувањето со кое се соочуваат македонските граѓани.

Тој се осврна и на ромската заедница, бидејќи овој план се грижи за нивните потреби и нивната интеграција на пазарот на труд. Напомена дека нивниот потенцијал треба да биде искористен.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија