ВИДЕО: Вардар во Карпош затрупан со ѓубре и дрвја

Од:

Пластични шишиња, кеси, сува трева, дрвја па дури мебел стојат заглавени на кејот на Вардар во делот на Карпош. Скопјани се незадоволни што се чисти и уредува делот на Вардар само во Центар.

„Како е направен овој дел, така е оставен. Дури и скалите кај мостот пред Влае се изронија и опасни се за одење“, реагираат скопјани.

Во коритото на реката, покрај кејот во неколку делови се израснати и цели дрвја, па гранките служат како брана и го собираат ѓубрето кое само се таложи оти никој не го чисти.

Скопјани алармираат дека меѓу расфрланото ѓубре на секој чекор има искористени маски.

Би можело да ве интересира

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Правиме помалку ѓубре од Европејците, проблем е што не селектираме, но и токсичноста на индустрискиот отпад

Пожар на депонијата „Краста“

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски