(ВИДЕО) Устамитова: Минималната пензија ја зголемивме за 46 отсто, во септември следно покачување на пензиите

Од:

Владата предводена од СДСМ во континуитет на дело покажува вистинска грижа за пензионерите, рече на денешната прес конференција Елена Устамитова, претседателка на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

– Преку новата методологија за усогласување на пензиите, обезбедивме системско решение за постојан раст на пензиите, двапати годишно. Преку таквата методологија за време на перидот од јануари 2022 година до септември 2023 година, пензиите ќе пораснат за 24 отсто. По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто, рече Устамитова.

Таа додаде дека преку одговорен инклузивен пристап од 2017 година до сега минималната пензија ја зголемиле за 46 отсто.

– Надоместок до пензија, а потоа и пензија обезбедивме и за стечајните работници, а за оние лице кои не ги исполнуваа условите за стекнување пензија, обезбедивме социјална пензија во висина од 6000 денари. Во време на најголема светка економска и енергетска криза, за сите 330.000 пензионери обезбедивме дополнителна финансиска помош во период од три месеци, а за пензионери со ниски пензии обезбедивме и субвенционирање на сметките за електрична енергија, рече Устамитова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар