(ВИДЕО) Туфегџиќ: Стоилковски да се извини за навредите кон жените, Мицкоски да го осуди говорот на омраза на неговиот портпарол

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и Коалицијата најостро го осудува чинот на шовинизам и говор на омраза од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кон министерката за финансии Нина Ангеловска.

Потегот на Стоилковски е срамен, неодговорен и недоличен, особено кога станува збор за портпарол на најголемата опозициска партија“, рече Ивана Туфегџиќ , пратеничка од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.

„Ги повикуваме пратеничките и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да ги осудат шовинизам и сексизмот во објавата на Стоилковски.

Истовремено, го повикуваме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го осуди и да се огради од ваквиот срамен чин на портпаролот на неговата партија.

Ваквото укажување на шовинизам и сексизам, го уназадува и оневозможува секој обид за нормална дебата за политики базирана на аргументи.

Бараме Наум Стоилковски, веднаш да се извини, не само на Ангеловска, туку на сите жени кои извршуваат јавна функција, а кои со неговото однесување ги навреди.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на градење на концептот едно општество за сите, општество на еднакви граѓани со еднакви права и обврски.

Во Северна Македонија, не смее и и нема да има простор за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените“, изјави Ивана Туфегџиќ , пратеничка од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме