(ВИДЕО) Трпе Стојановски: Некои институции во Македонија, ја преспаа бегалската криза

Од:

Експертот за миграции, Трпе Стојановски на дебатата за бегалците организирана од ФООМ кажа дека Европа и регионот се соочува со настан кој не можеше да се предвиди дека ќе има ваков интензитет.

-Досега мигрираа преку Италија, но со мерките кои се преземаат од стана на европските држави се намалува бројот на мигранти од Африка преку море, и очигледно е дека копнениот пат и во иднина ќе биде поатрактивен и за луѓето кои бегаат и за оние кои наоѓаат свои проценки во тој бизнис. Државите прилично неподготвени се сочуваат со овој момент, рече Стојановски на дебатата.

-Она што е битно денес, што го гледаме на границите е пристапот на државите кога го препознаваат аспектот безбедност на државата, наспроти безбедност на поединецот. И кога се прави сценарио за идеална соработка помеѓу земјите, тоа тешко се случува , посебно ако интересите се различни. За жал ова прашање е кое и ЕУ го има како прашање на разлики, и претпоставка е дека тешко ќе се дојде до заедничко прифатливо решение, рече тој.
Според него, земјите на Западен Балкан имаат подобар начин на соработка отколку земјите на ЕУ.

-Постојат некои институции за миграциите во Македонија, но мој впечаток е дека се се уште на одмор. Она што недостасува во регионот е брза рекација, слушаме за одредени проекти иницирани од ЕУ но се уште ги нема да се реализираат.

Од друга страна, државите од регионот покажуваат перформанси кои се типични за земјите на ЕУ. Проблемот ќе продолжи да постои, добро е ако соседите може да соработуваат ефикасно, пред се во размена на информации и сметам дека невладиниот сектор е единствениот кој во оваа ситуација покажа перформанси, рече Стојановски на дебатата.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата