(ВИДЕО) Трипуновски: Наместо 500 евра плата, денес имаме 500 фамилии без плата

Од:

И денес молк во владата и во АД Водостопанство. И наместо некој да сноси одговорност, тие на ангро трошат државни пари за коктели во време кога претпријатието не може да подели плата веќе два месеци, рече Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прашуваме, како се чувствувате господине Заев? Кога заедно со Николовски и неговиот министер Димковски 500 фамилии немаат за леб, а вие пиете скапи вина и се луксузирате. Зарем не е срамота и нехумано?

Прашуваме, наместо вашите 500 евра ветени плата, денес имаме 500 фамилии без плата. Дали ова е новата мерка која што ја воведува СДСМ?

Прашуваме, дали е потребно некој да се разболи, и да не може да си го покрие лекувањето за да пуштите плата?

Прашуваме, дали е потребно на некој да му биде запленета куќата поради неможноста да си ја плати кредитот за да вие пуштите плата?

Што треба да се случи господине Заев, за 500 вработени во АД Водостопанство да си ја земат чесно и поштено заработената плата?

За ова нечовечко однесување некој мора да сноси одговорност.“, објасни Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ