• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Трипуновски: Крајно време е Заев, Николовски и Димковски да престанат да го уништуваат македонското земјоделство

by А1он08/07/2019 - 15:25350
Share0

Денеска сум во Преспа и Преспанскиот регион на која што одржав средба со јаболко производителите и земјоделците од овој регион. На дискусијата што ја имавме главниот проблем и главниот акцент се стави на неисплатените субвенции кои што ги најавуваше Зоран Заев и Николовски тоа време, се обрати денеска Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, пред земјоделците во Преспанскиот регион.

Добивај вести на вибер

„Земјоделците ме информираа дека најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена.

Земјоделците и јаболко производителите апелираат до министерството и до Зоран Заев веднаш и сега да ги исплатат ветените субвенции.

Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација. Немаат основни средства за одржување на постоечките насади, а не пак за егзистенција на своите семејства и своите најблиски.

Апелираат дека оваа ситуација е крајно алармантна затоа што ветените средства не ги добија до кога што требаше. Исто така на овие средби беше упатено дека ако во наредниот период не се исплатат субвенциите кои што ги ветуваа, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест. Затоа што веќе се манипулираат повеќе од две години.

Во предизборието ветуваа откуп и сигурен пласман на јаболката, ветуваа поголеми откупни цени, ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат во овој регион и дека Зоран Заев и Николовски имаат план и визија за Преспанскиот регион.

Две години после тоа катастрофата која што се случуваше во Преспанскиот регион бевме сите сведоци. Преку 40 илјади тони јаболка останаа неоткупени, се фрлија по каналите и по езерото. На повидок е еколошка катастрофа. Затоа на оваа средба апелираат дека веднаш и сега треба да се исплатат дополнителните субвенции од три денари. Рокот беше 30-ти јуни, а денеска сме 8-ми јули, пари на своите сметки немаат.

Исто така сакам да потенцираме дека Зоран Заев, Николовски и новиот министер Димковски дека земјоделците им се на дното на приоритетната листа, или ќе ги решаваат проблемите и ќе работат земјоделците или треба да ги напуштат своите позиции. Затоа што крајно време е да престанат да го уништуваат македонското земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ има визија, план и проекти за подобро македонско земјоделство, за достоинствен македонски земјоделец, затоа што македонските земјоделци тоа го заслужуваат.“, порача Трипуновски.

dpmne

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 11:4412/01/2026 - 13:52

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски17/12/2025 - 14:2717/12/2025 - 14:45

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

Катерина Ѓуровски16/12/2025 - 13:06

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 11:4307/12/2025 - 17:40

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 10:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен