(ВИДЕО) Трипуновски: Калиманско езеро е десеткувано, и е доведено до раб на пресушување заради алчноста на власта

Од:

„Езерото Калиманци е пресушено во целост. Од 120 милиони метри кубни вода колку што е капацитет на истото, во моментот имаме само 19 милиони метри кубни вода. Тоа значи дека власта ја десеткувала акумулацијата“, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Калиманското езеро е доведено на раб на пресушување и до раб на биолошки минимум. Претераната потрошувачка на вода со цел производство на струја во летниот период придонесе Македонија да се соочува со најголемата криза во последните децении.

Езерото не е оперативно. А иста е состојбата низ цела држава. Доколку зимото кое е пред нас нема доволно врнежи се доведува под знак прашалник дали воопшто ќе биде исполнет капацитетот на акумулацијата. А со тоа се доведува во прашање како понатамошното производство на струја од истото, така и наводнувањето на земјоделските површини долж реката Брегалница од Виница и Кочани па се до Велес односно со тоа се загрозени директно илјадници земјоделци кои што егзистираат од оваа дејност“, кажа Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ ја ставаат цела држава во залог. Македонија тоне со СДСМ. За оваа проблематика веќе алармиравме во текот на пролетта, но ниту тогаш ништо не се презема и затоа сме денес каде што сме.

Потребен е итно стратешки пристап на проблемот, со аматеризам со кој пристапува СДСМ само се влошува состојбата со акумулациите ширум Република Македонија“, додаде Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски