(ВИДЕО) Тргачевски: СДС организира избори каде што има пукање, заплашување и употреба на физичка сила

Од:

„Се кршат штабови на опозициските партии, имаме ранети кандидати за советници со огнено оружје, политичка хајка на градоначалници од една иста партија, груба злоупотреба на државните ресурси за приватни партиски потреби од страна на СДС – изборите веќе не се мирни и регуларни. Пукање, заплашување и физичка сила нема во ниту една држава во Европа.

Предизборната кампања навлегува во несакан и насилен правец. Изборниот процес е веќе далеку од регуларен, тој ниту е мирен, ниту е демократски. Насилството по улиците низ градовите веќе стана секојдневие. СДС стравувајќи од тешкиот пораз кој ќе го доживее на изборите, започна да создава атмосфера на страв кај граѓаните.

Партиската полиција на СДС со вперен пиштол во глава му изврши претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Беше искршен и демолиран штабот на Демократската партија на Србите на Стоилковиќ.

Беше искршен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела вода.

Во Куманово наместо на работа општинските работници се принудени да делат пропаганден материјал за СДС.

Во Струмица пак општинските возила се користат исклучиво за разнесување на плакати и рекламен материјал на партијата на власт СДС.

Се поднесоа монтирани кривични пријави против градоначалниците на Кавадарци, Прилеп, Неготино, Штип, Велес, Крива Паланка, Ново Село, финансиска полиција упадна во фирмата на градоначалникот на Вевчани и во општината со која управува. Кандидатот за градоначалник на Кавадарци беше малтретиран без причина од полицијата.

А, вчера Алит Абази, носителот на советничка листа предложена од група избирачи во Кичево е застрелан исто како и неговиот шеф на изборен штаб.

Ова е се, само не мирен и демократски процес. Власта во паника и свесна за поразот врши груби повреди на изборниот процес. Ова веќе не е мирен изборен процес. Сега е јасно зошто насилниците и криминалците власта ги ослободува, а невини граѓани реди во притвор.

Граѓаните се запрашуваат зошто не се санкционираат ваквите насилни појави? Граѓаните треба да знаат дека институциите се целосно заробени и се ставени во служба на СДС за претстојните избори. Ваква злоупотреба на полицијата и останатите институции не е забележана досега во Македонија.

Во ниту една земја членка на Европската Унија не се случуваат вакви инциденти во предизборната кампања. ВМРО-ДПМНЕ ќе алармира до сите меѓународни институции за нерегуларностите во предизборниот процес.

Заев е нервозен исплашен и ранлив. Затоа прибегнува кон вакви недемократски методи. Но нема да му успее. Ќе биде поразен од народот на 15-ти октомври“, изјави Александар Тргачевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски