(ВИДЕО) Трајковски: Хиподром ќе го направиме поубаво и попријатно место за живеење

Од:

Тони Трајковски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Гази Баба денеска изјави дека ќе продолжи со изградбата на основното училиште Вера Јоциќ, кое што следната година треба да биде пуштено во употреба, а потоа ќе следи втора фаза за изградба на нова училишна сала и изградба на повеќенаменско спортско игралиште.

– Ќе продолжиме и со проектот подршка на колективните згради во делот на санација и реконструкција на кровови фасади и лифтови, а исто така ќе го започнеме проектот за поддршка за проширување на топловодното греење во колективните згради односно субвенционирање на подстаниците и внатрешни инсталации. Ќе продолжиме со уредување на просторот пред секоја зграда, зголемување на зеленилото и засадување на нови дрвја. Во делот на комуналната хигиена ќе продолжиме со проектот за поставување на подземни контејнери. Во постапка сме на набавка на две комунални возила со кои ќе се врши миење и метење на улиците и верувам дека со ова ќе ја зголемиме хигиената во оваа населба, рече Трајковски.

Тој вети дека ќе продолжи и со реконструкција на сите улици, изградба на тротоарите, а како значаен проект за населбата Хиподром го означи проширувањето на улицата Благоја Стефковски.

– Ќе започнеме со проширување и правење влез од автопатот кон оваа населба за полесен сообраќаен пристап и излез и влез од оваа населба. Ќе продолжиме со проектот Хиподром 2 каде ќе обезбедиме локации кои ќе бидат понудени со почетна цена од едно евро и ослободување на дел од комуналиите за младите брачни парови. Со овие проекти ќе направиме населбата Хиподром да биде поубаво и попријатно место за живеење за нашите сограѓани. Затоа, почитувани сограѓани на 29 октомври масовно да излезете да го заокружите бројот 13 за да можеме заеднички овие проекти на дело да ги реализираме, рече Трајковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски

СДСМ: Предавство за пари – колаборантите од ЗНАМ ќе одговараат исто како и ДПМНЕ

(ВИДЕО) Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе води антиемигрантска политика