(ВИДЕО) Трајковска: Богдановиќ месечно од „Лимак“ добива околу 80.000 евра, никој не знае каде овие пари одат

Од:

„Турската градежна компанија „Лимак“ месечно поради доцнење со градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на Јужен Булевар и исплаќа на Општина Центар неверојатни 80.000 евра. Досега во Општината се влезени над еден милион евра по основ на пенали со оглед дека во Општина Центар ништо не се работи, а градоначалникот Богдановиќ се фали со проектите на Шилегов, сакаме да го прашаме зошто ги троши парите?

Со еден милион евра Богдановиќ можеше да направи многу работи. Можеше да купи таблети на учениците од Центар. Можеше да почне со изградбата на градинката која што им ја вети на центарци, или пак монтажниот паркинг во Дебар Маало, кулата за прочистување на воздухот, гасификацијата, зградите со вертикалното зеленило, депо за хаварисани возила, како и реновирање на сите урбани заедници во општината“, рече Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие работи Богдановиќ ги вети и ништо не исполни, ниту пак е на почеток на нивна реализација. Ама, затоа Општина Центар ја направи втора по вработеност на ниво на Град Скопје, прави партизација на основните училишта, прави партизација на Паркинзи Центар.

А, парите кои ги добива од „Лимак“ никој не знае за што и како ги троши. Градоначалнику Богдановиќ, граѓаните на Центар не го дадоа својот глас за лаги и измами. Тие ова не го заслужуваат“, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање