(ВИДЕО) Трајковска: Богдановиќ да одговори до каде е ветената 7-метарска кула за прочистување на воздухот

Од:

„Во збирката лажни ветувања наречена „За Живот“, Саша Богдановиќ на центарци им вети дека ќе изгради револуционерен патент за прочистување на воздухот „The Smog Free Tower“. Овој патент според Богдановиќ имал за цел да исчисти 30.000 m/3 (метри кубни) и прочистување на воздухот од 75% за конечно жителите на Центар да почнат да дишат чист и поквалитетен воздух. Помина повеќе од половина мандат на Богдановиќ, а ваква кула нема. Уште еден доказ дека СДСМ пред избори ветува, буквално кули и градови, а после нема никаква реализација.

Богдановиќ мора да одговори пред центарци до каде е изградбата на 7 метарската кула, каде ќе биде нејзината локација и кога ќе биде таа ставена во функција“, прашува Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно лесно било овој проект Богдановиќ да го препише од интернет, ама за жал тешко му е да го реализира се уште. Центар и понатаму е една од најзагадените општини во Македонија, но и во Европа. Со право центарци очекуваат Богдановиќ да го направи тоа што го ветил.

Инаку јавноста треба да знае дека вакви кули се инсталирани во Ротердам, Пекинг, Краков и на други места и значајно е да се каже дека тие кули одлично ја завршуваат својата работа.

Очекуваме Богдановиќ да си ги исполни ветувањата кои им ги даде на граѓаните на Центар и конечно да почне да ги реализира проектите за кои што беше избран“, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина