(ВИДЕО) Трајановски: Општина Бутел ќе добие нова сообраќајна алтернатива

Од:

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски на денешната прес-конференција рече дека ќе продолжи пробивањето и изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и поврзување со скопската обиколница со што, како што додаде, општината Бутел ќе добие нова сообраќајна алтернатива.

– Овој проект е од исклучителна важност бидејќи со неговата целосна реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за повеќе од 100.000 граѓани. Со изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се добие уште едно современо и модерно сообраќајно решение, со што значително ќе се подобри безбедноста и поврзаноста во овој дел во Скопје, рече Трајановски.

Втората фаза на проектот за пробивање на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ до обиколницата, како што посочи, ќе чини околу 180 милиони денари или три милиони евра, а реализацијата ќе трае до 2020 година.

Трајановски се осврна и на останатите инфраструктурни проекти кои се предвидени во неговата изборна програма, а ќе се реализираат на територијата на општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања