(ВИДЕО) Трајановски: Ќе отвориме Градска канцеларија за млади, која ќе има за цел да се занимава со локални младински политики

Од:

Зголемувањето на учеството во процесот на носењето на одлуките во локалната самоуправа и унапредување на статусот на младите е еден приоритетите во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и во таа насока предвидени се голем број на проекти во оваа област.

Деталите за дел од овие проекти денеска на прес-конференција ги соопшти кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски.

– Младите се движечка сила во секое општество и во новата програма предвидовме голем број на проекти на младите во Скопје, во сите области кои директно ги засегаат. Најважен проект е отворањето на Градска канцеларија за млади, која ќе има за цел да се занимава со локални младински политики, ќе дава сервис и поддршка на младите на Скопје и ќе претставува чадор рганизација на општинските канцеларии за млади во скопските општини. Во насока на подобрување на унапредување на статусот на младите изработка на нова Стратегија за млади на Град Скопје за периодот 2019-2023 година. Дополнително ќе организираме и отворени денови за младите каде еднаш месечно младите ќе имаат можност да се сретнат со мене и службите на градот Скопје, да дебатираат за одредени прашања, да ни ги кажат нивните предлози и идеи за подобро Скопје – кажа кандидатот за градоначалник Трајановски.

Трајановски на прес-конференцијата се осврна и за проектите кои се од другите области кои се особено значаен интерес за младите.

– Градот Скопје ќе продолжи да инвестира во спортот и останатите рекреативни активности, како област која е од посебен интерес за младите. Како најважни проекти од областа на спортот за младите, можам да ги издвојам формирањето на средношколски извиднички одреди, одржувањето на голем број на спортски манифестации и турнири, поддржување на средношколските спортски лиги и многу други проекти. Од областа на културата и забавата, во Програмата се предвидени голем број на проекти, како што се продолжување на проектот СУПЕР СКОПЈЕ преку одржување на концерти на повеќе локации во летниот период, организирање на фестивал во Градскиот парк – ПАРК ФЕСТ, организира фестивал на урбана уметност и цртање на графити – ГРАФИТИ ФЕСТ и многу други – кажа Трајановски.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Скопје е наш заеднички дом, град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или националност

Димитровски: Граѓаните заслужуваат да живеат достоинствено, со нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки

Андоновска: Луѓето на СДС и ДУИ во судството го спасија Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница, со тие кадри нема независно судство

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена