(ВИДЕО) Тортевски: Предметите на СЈО со ништо не се загрозени, криминалот не смее да остане несанкциониран

Од:

Адвокатот Александар Тортевски вели дека криминалот не смее да остане несанкциониран и сите предмети што ги почна СЈО треба да ги продолжи одделението за организиран криминал и корупција. Тортевски рече дека не е точно дека предметите што ги покрена СЈО се загрозени и немаат иднина. Напротив, тој смета дека допрва претстои работа на тие предмети и за него не е спорно да ги продолжат обвинители од СЈО, кои исто така може да преминат во организиран криминал.

„Предметите на СЈО со ништо не се загрозени. Освен со рокот за застарување, но за вакви дела се потребни 40 години да застарат. Дури и оние дејствија што се проблематични и се поднесени по истекот на рокот за покренување истраги, од страна на СЈО, може да се повторат и со тоа да се расчистат сите спорни прашања околу тие постапки. И не треба да се губи време, треба веднаш да се започне со работа на случаите“, вели тој.

За Тортевски не е спорно што СЈО било формирано со политичка одлука и што обвинителката Катица Јанева дала оставка. Тој вели дека не постои правна пречка за продолжување на истрагите и дека сега иднината на предметите не зависи од волјата на политичарите.

„Не мора да се чека политичка одлука. Едноставно е, обвинителите од СЈО може да поминат во организиран криминал со одлука на Судскиот совет. Криминалните дејствија не може да останат несанкционирани. Да, СЈО беше донесено со политичка одлука и одреден рок на траење, му истекува рокот и тоа е тоа. Но, ние не мора сега да преговараме 20 години за нова политичка одлука, за да продолжат предметите, кога организиран криминал може да ги преземе и да продолжи да работи на нив“, дециден е Тортевски.

Тортевски порача и дека предметите „Империја“ и „Рекет“ не треба да се мешаат. Според него, доколку обвинетиот од Империја бил рекетиран не може да му се простат делата за кои се товари во „Империја“.

„Во ‘Рекет’ може да биде сведок во постапката, но не и помилуван ако има докази против него во претходниот предмет ‘Империја’. Судските органи треба да си ја завршат таа работа“, рече Тортевски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов