(ВИДЕО) Тоневски: Пробиштип стана општина препознатлива по големиот број на реализирани проекти

Од:

Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Пробиштип денеска на прес-конференција рече дека граѓаните на Пробиштип заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина и дека со сите проекти реализирани во изминатите 8 години, ликот на општината е целосно променет.

– Исполнетите ветувања за изградба на филтер станица, градски пазар, капела, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење. Индустриските зони кои ги направивме веќе ги даваат своите резултати. Така и ќе продолжиме. Со новата Програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина, рече Тоневски.

Тој вети дека во наредниот период ќе се посвети и на изградба на пречистителна станица за отпадни води со што ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Пробиштип и Ратавица, а изградбата на истата ќе доведе и до унапредување на животната средина.

– Ќе извршиме рехабилитација на постоечкиот систем за водоснабдување, автоматизација на пумпите во Ратавица и изградба на систем за снабдување со техничка вода. Пробиштип има потенцијал за користење на обновливите извори на енергија. Токму затоа ќе формираме Јавно претпријатие за производство на електрична енергија кое ќе изврши поставување на сончеви панели на повеќе локации, како и поставување на турбини во примарната водоводната мрежа за производство на електрична енергија. Ќе ја доизградиме инфраструктурата во двете индустриски зони. Преку отворање на Бизнис инкубатор ќе обезбедиме канцелариски простор и поддршка на младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис, рече Тоневски.

Тоневски вети и доасфалтирање на улиците и замена на постојните живини со ЕЕ ЛЕД светилки, како и целосно преуредување на внатрешноста на кино салата.

– Општина Пробиштип располага со голем, но неискористен потенцијал и природни убавини за развој на туризмот, а со тоа и развој на локалната економија. Со инвестиции во развојот на Пониква и Лесново, но и со урбанизацијата на Пишичката брана, општина Пробиштип ќе се најде на многу туристички мапи. Продолжуваме со изградба на нови спортски терени и реконструкција на постоечките терени во градот, но и во населените места како што се Злетово, Пишица, Добрево, а ќе продолжи и континуираната поддршка на спортските друштва. Целиот овој развој не може да се случи без генерален урбанистички план, кој во периодот што следи ќе биде дополнет и проширен, рече Тоневски.

Спроед него, општината после еден подолг период на стагнација започнала да бележи економски раст и станале општина во која започнаа да се отвораат нови работни места.

– Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани. Граѓаните многу добро знаат колку и кога е изградено. Сигурен сум дека граѓаните повторно ќе изберат проекти за развој и просперитет на општина Пробиштип. Сите заедно ќе продолжиме да работиме за Пробиштип каков што го сакаме и заслужуваме, рече Тоневски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ