Името на нашата земја не смее никој да го менува, затоа што тоа претставува тешко кривично дело односно велепредавство на татковината, порача на 19-те традиционални „Велигденски средби на децата бегалци од Егејска Македонија“ што се одржа кај штипското село Брест, претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.
Обраќајки се пред присутните Петров за денот на 100 годишнината од потпишувањето на договорот во Букурешт со кој беше подделена Македонија од страна на нејзините соседи најави сеопшт мировен протест на сите гранични премини кон Бугарија и Грција.
ВИДЕО: 24 Вести