ВИДЕО: Тимјаничка Река надојдена во Неготино, водата е на половина метар од мостовите

Од:

На снимки од Неготино објавени на социјалните мрежи се гледа како Тимјаничка Река во градот е сериозно надојдена, а водата минува на само половина метар под мостовите. Реката го има исполнето основното корито, а во неа и натаму директно се слева вода од улиците, по обилниот дожд.

По врнежите од дожд во целата земја, според последните информации на УХМР, водостојот на поголемите реки е стабилен и се очекува да расте, но нема опасност од излевање.

„За време на викендот повторно се очекуваат локални поројни врнежи од дожд, на места доста интензивни, во вид на невреме и проследени со ветер, грмежи и град, прогнозираат од УХМР. Ваквите процеси можат да предизвикаат појави на течење и слевање на вода низ градските улици поради неможноста за одведување на водата во толку краток временски интервал. Исто така, поради очекуваниот интензивен дожд локално на некои места, можно е брзо зголемување на
водостојот на помалите реки и суводолиците, каде се препорачува внимателно движење,“ велат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридско Езеро, Преспанско под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Зголемен водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска

Намален водостојот на Охридското Езеро

Ана Ололовска