ВИДЕО: Тепани, ограбени, уплашени – не престанува бранот бегалци кон Германија

Од:

Групи од по 50 бегалци на секои триесет минути се пропуштаат на граничниот премин и од грчка и од македонска страна, потоа се упатуваат во прифатниот центар каде што им се дава храна, овошје и вода, а за децата пелени.

Тука се купуваат билети и потоа со возови и автобуси се упатуваат кон граничниот премин со Србија. Секој ден пристигнуваат по минимум 3000 луѓе, а денеска на пладне околу 1000 луѓе чекаа на влез во Македонија. Поголема гужва има во вечерните часови , синоќа имаше околу 1600 бегалци.

Тие повеќе не сакаат да се снимаат, претежно се од Сирија и тврдат дека имаат проблеми ако некој ги види и кажат нешто пред камерите, зашто им се заканувале на пријателите и семејствата што останале во Сирија. Повеќето продале се што имаат во Сирија за многу евтини пари, а последна надеж на речиси сите им е Германија, која според нив има најдобра економија.
Ги отфлаат тврдењата на некои медиуми дека се терористи или дека ималенекаков план.

-Не знаеме да ракуваме со никакво оружје. Ако требало да напаѓаме некого, како што не обвинуваат, немаше да сме ние напаѓани, ограбувани и тепани цело време и по целиот пат што го поминуваме. Почнавме да одиме и по групи, затоа што ако сме сами не ограбуваат и тепаат.

Тие тврдат дека им кажувале како е многу опасно во Македонија и во Србија и дека биле преплашени пред да стигнат тука. Најмногу се плашат од Авганистанците кои исто беагаат од нивната земја но ги напаѓаале бегалците од Сирија кои претежно имаат пари. Бегалците од Сирија велат дека се благодарни за сета помош што ја примаат во Македонија.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод