ВИДЕО: Тензично, но мирно на македонско-грчката граница

Од:

По судирите на економските мигранти со грчката полиција, ситуацијата на македонско-грчата граница е мирна, и се пропуштаат само бегалците од со војна зафатените подрачја.

Рано утринава, група мигранти од Мароко почнаа повторно да фрлаат камења по грчката полиција. Тие ги спречуваа бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан да ја напуштата грчката територија, со што поминувањето на границата кон Македонија за бегалците од воените жаришта беше стопирано.

По поставувањето на жичаната ограда, со денови неколку илјади економски мигранти, кои доаѓаат од Пакистан, Алжир, Мароко, Иран, се заглавени на македонско-грчката граница кај Идомени.

Тие одбиваат да се вратат, а според новите препраки на ЕУ македонските и грчките погранични власти не ги пуштаат да ја поминат границата.

Денеска непречено бегалците од Сирија и Ирак влегуваат на македонска страна и го продолжуваат патот кон земјите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската