(ВИДЕО) Темелковски: Кисела Вода ќе биде општина во европски тек, со електронски систем на услуги и мобилни канцеларии

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ и коалицијата Филип Темелковски денеска изјави дека со добро менаџирање на општината ќе се создаде позитивна клима и за вработените во администрација и за граѓаните.

– Со компјутерско поврзување на исто место ќе може да добиваат услуги, и од органите на локалната, и од органите на централната власт. Воведуваме електронски систем на услуги и мобилни канцеларии истите услуги ќе бидат достапни и во нај оддалечените делови во Општината Кисела Вода, рече Темелковски.

Тој додаде дека ќе ја вратат моќта на месните и урбаните заедници, и дека ќе бидат опремени со технички услови за зајакнуваме нивниот правен статус.

– Преку нив директно ќе ги вклучиме граѓаните во креирањето на буџетот, во носење клучни одлуки и во целосна контрола на локалната власт. Воведуваме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното, и преку отчетност до секој граѓанин на општината. Накусо, Воведуваме Европска, отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите, рече Темелковски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски