ВИДЕО: Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Од:

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Бекир Аслани вели дека и покрај тоа што помина една година од исчезнувањето на неговиот син, се уште нема информации поврзани со исчезнувањето.

Тој денеска пред Собранието рече дека размислува за протести секој 23-ти во месецот.

Досега има остварено средби со Оливер Спасовски, Агим Нухиу и Зоран Заев, кои ветиле дека ќе се заложат за расветлување на случајот, но без резултати.

Арбен Аслани е исчезнат лани на денешен ден. Тој последен пат е виден како влегува во нечие возило.

Таткото на Аслани минатата година веќе еднаш јавно го повика Министерството за внатрешни работи да го разреши случајот со неговиот син.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски