(ВИДЕО)Талески: Секој обид за ревидирање на Преспанскиот договор е закана за иднината на државата

Од:

„Сите обиди за манипулација со Преспанскиот договор се крајно штетни за државта. Да се прави некаков обид за негово ревидирање или поништување значи нов конфликт, ново вето, нови блокади со Грција со која надминавме повеќедецениско прашање. Ваквото размислување значи нанесување штета и закана за иднината на сопствената држава и народ “, рече Дане Талески, советник на премиерот за надворешна политика и кандидат за амбасадор на НАТО во интервју за „Макфакс“.

Според Талески, кога се во прашање интересите на земјата треба да се тргнат настрана политичките, етничките и други интереси и да се остане посветен на патот на евро-атланската перспектива во која се вложиле многу генерации наназад.

„Токму поради Преспанскиот договор, државата сега ќе стане 30. поноправна членка на НАТО и ќе си го добие заслуженото место што го чека со години. Тоа е билатерален договор, кој предвидува обврски за двете држави. Знаете дека Грција прва го ратификуваше протоколот за членство на НАТО, што всушност беше нејзина обврска од договорот. И ние имаме обврска да ги почитуваме обврските. Не сакам ни да помислам на негово ревидирање, бидејќи со самото непочитување се повлекуваат многу прашања, враќање на земјата назад, создавање нови непријателства. Во моментот кога тргнавме по една нагорна линија, вакви размислувања воопшто не ни се потребни“, порача Талески.

Според Талески, последната ратификација на Протоколот за членство во шпанскиот парламент ќе помине наскоро и без проблеми со што ќе се заокружи целокупната процедура за членство на земјата во алијансата.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите