(ВИДЕО) Талески: Милошоски да се извини на граѓаните и да поднесе оставка

Од:

„Пратеник кој ги лажел граѓаните со години, кој се уште не ја зборува вистината пред нив, не е достоен да биде народен претставник.

Пред народот, Антонијо Милошоски мора да понесе морална одговорност за скандалот, потврден од јавно објавени документи, да им се извини на граѓаните и да поднесе оставка.

Голем е срамот за него, за неговиот Христијан Мицкоски, за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве еден од јавно објавените документи. Листа од казнена евиденција за лицето Антонијо Милошоски. Јасно стои дека Милошоски бил осуден и казнет во Германија за сторени кривични дела „Кражба“ и „Фалсификување на исправи“, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Замислете „кражба“, „фалсификување“. Па со кое лице Милошоски ќе зборува во Собранието, со кое лице ќе им излезе пред очи на граѓаните?

А овде во Собранието полна уста кога треба да се кочат закони од интерес на граѓаните.

Тоа се политиките на Христијан Мицкоски, лага до лага, блокада по блокада, затоа стои во негова одбрана, во одбрана на главниот дезинформатор овде во Собранието.

После сите скандали, после сите лажни вести и дезинформации, после сите пресуди во Германија и тековни обвиненија пред домашните судови, Милошоски треба да си даде оставка.

Како морален чин, да покаже барем минимална почит пред граѓаните, да запре ова девалвирање на пратениците и македонското Собрание“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он