(ВИДЕО) Талески: Акцискиот план за борба против корупција е силен системски чекор во обезбедување ред, правда и дисциплина

Од:

„Владата предводена од СДСМ, премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски се силно посветени на реализација на заложбите за градење праведно општество и ред, правда и дисциплина на сите нивоа.

Таквите заложби се преточуваат во јасни и конкретни системски политики. Токму таков чекор е и Акцискиот план за борба против корупцијата кој беше усвоен вчера од страна на Владата.

Овој план е подготвен на основа на сите препораки и предлози добиени од надлежни институции, невладини организации, независни тела, како и од релевантни домашни и странски извештаи“, рече Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Преку оваа акција ги зајакнуваме капацитетите и ги синхронизираме институциите на системот со цел да обезбедиме целосна подготвеност за бескомпромисна борба против корупцијата, непотизмот, судирот на интереси и злоупотреби на позициите.

Се посветуваме на унапредувањето на дигитализацијата и елиминрање на субјкетивното влијание во процесите и примената на законите. За таа цел, во рок од 30 дена Министерството за правда заедно со Јавното обвинителство се должни да направат анализа на потребните кадри, опрема, техника и простории, за истражните центри со цел да се зајакнат капацитетите на центрите, а со тоа и капацитетите на сите Јавни обвинителства. На овој начин, преку дигитализација и екипираност на истражните центри ќе се забрза процесот на решавање предмети.

Сите седум аниткорупциски надлежни институции, задолжително ќе се поврзат на Националната платформа за интероперабилност за борба против корупција, и ќе имаат задачи ефективно да ја применуваат оваа платформа при прибирањето на податоци за одреден случај.

Никој не смее и нема да смее да затајува и забавува случаи каде има сомнежи за корупција.

Следува електронски софтвер за поврзување на сите 28 инспекциски служби, со што ќе се намали субјективното и селективно влијание на инспекторот за време на инспекцијата. Софтверот овозможува електронска распределба на инспекциските надзори и следење на истите, електронско генерирање на записниците од извршените надзори на лице место додека трае инспекцискиот надзор, како и зајакната координација на инспекторите од различни институции.

Со ова веќе нема простор за договор за инспекциски надзори, нема самостојна одлука дали да се влезе или не во некој објект, нема простор за ургенции и договори.

Со реализација на Акцискиот план нема повеќе непотребни чекања на шалтери за вадење на изводи од матичните книги.

Преку целосно дигитализирање на трите книги што ги води Управата за водење на матичните книги, граѓаните ќе можат електронски не само да аплицираат, туку на истиот начин и да ги добијат изводите и документите.

Се создава централна база за издавање на лиценци и дозволи, со која точно ќе се знаат условите, која фирма каква лиценца има и сите податоци ќе бидат јавни и транспарентни, со што овозможуваме фер конкуренција во бизнис секторот.

Во рок од три месеци МВР ќе подготви Стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за 2021-2023, со што конфискацијата на имот ќе се актуелизира и примени како системски механизам во борбата против корупцијата.

Во борбата против корупцијата важна улога имаат и граѓаните, бизнис секторот, укажувачите кои не треба да се колебаат да пријават корупција. За таа цел, од овој месец со работа почнува Системот за следење на предмети и претставки преку отворање на нов повикувачки центар. За прв пат на едно место граѓаните и фирмите ќе можат да пријавуваат случаи на корупција, ненавремно или несоодветно постапување од надлежните институции по однос на нивните поднесени барања.

Истовремено, сите институции мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување за постоење на евентуална корупција. На овој начин ја подигаме свеста кај граѓаните и дополнително ги охрабруваме да пријавуваат случаи на коруптивно делување.

Ова се само дел од мерките во Планот за борба против копрупција, но борбата против корупцијата бара постојана посветеност, храброст и одлучност од сите нас.

Време е за доследно спроведување и почитување на законите, мерките и прописите. Веќе нема недопирливи. Ова е заедничка борба каде Владата, институциите и граѓаните се на иста страна на страната против корупцијата и незаконското дејствување.

Ред, правда и дисциплина се приоритетите од кои се води СДСМ како одговорна, државничка партија“, изјави Миле Талески, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: В среда, на 24 април граѓаните со својот глас за Пендаровски избираат европска иднина

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Пендаровски: Ги знам нивните лажни анкети, ги знам и реалните анкети и реално ви кажувам дека на 8 мај победуваме!

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов