(ВИДЕО) Сведоштво на првиот возач кој пристигнал кај запалениот автобус: Лицата им беа крвави, сите врескаа

Од:

За тоа што се случило во трагичната ноќ раскажуваат двајца од очевидците на несреќата на автобусот на „Беса транс“.

Вечерта меѓу понеделник и вторник, Валентин Георгиев од Сандански патувал од Софија до Благоевград. Работи како курир, пренесува бугарската „Нова.бг“.

„Најпрво мислев дека шумата гори. Пламените јазици беа огромни. Да не ве лажам, ама огнот сигурно беше 2-3 метри висок. Силен пожар“, вели Валентин Георгиев.

Кога се приближил, видел како гори автобусот. Тој е и првиот очевидец на трагедијата. По него дошле полицајци и пожарникари.

„Камионот ми беше на околу стотина метри. Јас бев првиот. И по околу 5-10 минути дојде вториот, третиот, четвртиот автомобил. Натрупани камиони. Кога излегов од камионот, слушнав врисоци. Преживеаните врескаа и плачеа. Лицата им беа облеани во крв, црни“, вели Валентин Георгиев.

Тој притрчал да им помогне. Првото нешто што го видел е маж кој се обидува да ја спаси својата девојка.

Викаше, викаше „Полиција, полиција“. Ја носеше девојката во раце, но ја испушти. Мислам дека имаше повреда на ногата бидејќи куцаше. И ја испушти на патот. Ја преместив девојката до крајот на автопатот. Мислам дека и беа скршени нозете. Беше без чорапи, боса. На другата девојка и беше ладно, и дадов јакна да се стопли. Им дадов вода“, вели Валентин Георгиев.

Татко се обидувал да го спаси синот од пламените јазици.

„Тој викаше дека неговиот син е внатре. Сакаше да оди до автобусот, во пожарот да го спаси синот. Но, јас го спречив да оди таму“, вели Валентин Георгиев.

Полицијата и пожарникарите пристигнале за околу 20 минути. Конечно дошле и амбулантите.

„Од автобусот се слушаше само запалените стакла како се кршат. Несреќата очигледно се случила 10-15 минути пред да стигнам таму. И сега, очигледно, сите беа или задушени или веќе мртви. Трчав до камионот по вода, по цигари, по јакни, постојано трчав. И кога видов дека сите стојат во колите, им се разавикав, да слезе некој да донесе уште вода“, вели Валентин Георгиев.

Се обидел да помогне и Емил Методиев кој постојано се јавувал на 112. Тој чувал градилиште во близина на местото на несреќата. Тој бил и првиот што се јавил на бројот за итни случаи.

„Мислам дека предната гума пукна. Неколку секунди откако грмна се појавија пламените јазици. И како што одеше надолу автобусот, зад него имаше трага од тие мали пламени. Кога застана, тој беше во пламен. Не само напред, не позади, насекаде. Кога дојдоа од пожарникарската станица веќе беше видлива конструкцијата на автобусот. Тие во автобусот, мислам дека немаа шанса да излезат од него. Ова не се заборава“, вели Емил Методиев.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021