(ВИДЕО) Сугарески: Владата ги поддржува сите проекти зацртани во програмата на Петровска

Од:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во Битола даде поддршка за кандидатката за градоначалник Наташа Петровска од коалицијата предводена од СДСМ и рече дека владата ги поддржува сите проекти кои што се зацртани во изборната програма.

– Во наредниот период заедно со новата локална самоуправа во Битола ќе ги продолжиме сите активности не само кои што се сврзани во програмата на кандидатот туку и сите оние проекти кои се предвидени во владината програма. До крајот на месецот треба да се потпише договор со изведувачот на железничката пруга Битола-Кременица со тоа значи она фијаско кое беше претходно случено од страна на претходната власт ние зедовме обврска до крајот на следната година овој патен железнички правец биде завршен. Исто така во делот на патната инфраструктура сакам да кажам неколку работи. Прво дека ќе има реконструкција на патот Битола – Демир Хисар. Понатаму ќе има реконструкција на патот Битола – Меџитлија, рече Сугарески.

Тој додаде дека паралелно се работи на проектната документација на експресниот пат Прилеп-Битола-Меџитлија.

– Исто морам да потенцирам, и тоа имав прилика денес да го видам тука уште еднаш, а тоа се многу лошите влезови во градот Битола кои што градоначалникот со поддршка на централната власт мора да се направи за овој град биде она што навистина треба да биде а тоа е модерен европски град уште од самиот влез и се разбира и центарот на Битола. Затоа уште еднаш сакам да потенцирам, јасна и недвосмислена поддршка за кандидатот Наташа Петровска за која сум убеден дека веќе во недела вечер ќе биде градоначалник на Битола, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник