(ВИДЕО) Сугарески: Одложувањето на седницата е сценарио на ВМРО-ДПМНЕ за да не го прашуваме Зврлевски за извештајот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ подготвуваше сценарио уште на крајот на минатата недела затоа што не сакаат извештајот на Марко Зврлевски да дојде на комисиска, ниту на пленарна седница, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески.

– Ако го гледаме редот на нештата и како се организирани Јавните обвинителства во Македонија, требаше извештајот на Марко Зврлевски да биде прва точка, а втор да биде извештајот на Специјалното јавно обвинителство. Очигледно е дека согласно толкувањето кое што стои во Деловникот на Собранието и без претставник извештаи може да се гледаат во Собрание, меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ деловникот го толкува поинаку, за нас извештајот не е општ акт, тоа е извештај, рече Сугарески.

Според него, власта ќе ја одложува седницата со цел да претстави дека претставникот на Специјалното јавно обвинителство не се појавува, иако во изминатите четири дена Катица Јанева беше присутна на комисијата.

– Не очекувајте пленарна седница, затоа што ова е сето направено како алиби. Ова што се случува на седницата е едно провидно сценарио на ВМРО-ДПМНЕ со цел да прикаже дека некој бега од надзорна расправа. Бега ВМРО-ДПМНЕ со цел да не дојде втората точка на дневен ред и заедно да отидат на пленарна седница, па двата извештаи да бидат разгледувани во Собранието, смета Сугарески.

Според него, во извештајот на Марко Зврлевски се кријат одговорите на многу прашања, меѓу кои и на прашањата зошто не беа процесуирани пријавите на опозицијата пред да се создаде СЈО, како се излезени снимките од кабинетот на Груевски, за случајот Поткуп, непроцесуирањето на кривичните пријави на Оливер Спасовски и Фросина Ременски во времето на техничката влада.

За проблемот со шесттата изборна единица, Сугарески кажа дека СДСМ уште пред една година излегла со став дека Македонија треба да биде една изборна единица.

– СДСМ се уште стои на ставот дека ова прашање мора да биде политички затворено, со тоа што еднаквоста на гласот ќе биде за сите иста и правиме се да ова прашање биде завршено. Појавени се разни предлози од партиите, се бара начин ова прашање да биде политички затворено. Првиот обид на работната група за изборните единици не вроди со резултат, така да тоа ќе продолжи, тоа прашање мора да биде затворено и да има избори на 11. декември, рече Сугарески.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов