ВИДЕО: Судечкиот совет одлучува дали повторно да ја одложи седницата за затворската казна на Груевски

Од:

Судечкиот совет по барање на одбраната одлучува дали повторно да ја одложи седницата на Апелациониот суд, поради отсуството на бранителот на Груевски, Боро Тасевски, на која се одлучува по жалбите на обвинетите за случајот „Тенк“.

Судечкиот совет ја отстрани јавноста и двете страни од судницата поради консултација.

Вчера судечкиот совет почна и веднаш се одложи јавната седница, поради неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека ќе присуствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

За случајот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Кривична за судијата Ѓоко Ристов за „противправно стекнување и прикривање имот“ и за „перење пари“

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Апелација: Двојно повисока казна за двајцата директори обвинети за пожарот во модуларната во Тетово

А1он

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он