ВИДЕО: Судот конечно дозволи Груевски да го снимаат на обвинителна клупа

Од:

Во кривичниот суд почна судењето за уривањето на станбениот комплекс „Космос“. Одбратаната побара да нема снимање од страна на медиумите во судницата, а судот го одби барањето и дозволи. Судењето ќе се снима тонски и визуелно.

Адвокатот Димитар Данков, побара да не се пишува тоа што се зборува во судницата, односно да не се води стенографски записник, бидејќи судењето се снима. Според одбраната на обвинетите, камерите се свадбарски. Судијата Оген Ставрев рече дека нема пречки за одржување на судењето и побара да се почне со воведни говори.

Во предметот, првообвинет е екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Покрај него, обвинети се уште шест лица: ексминистерот Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки. Истрагата за предметот со кодно име ТНТ беше отворена во април 2016 година, а летото 2017 година Специјалното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт.

Специјалното јавно обвинителство бараше притвор за Трајковски, но Апелациониот суд во Скопје, наместо таква мерка, му го одзеде пасошот и му наложи еднаш неделно да се јавува во судот. За овој предмет 26 бомби се докази во постапката.

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески