(ВИДЕО) Студија за Водно: Неконтролираната урбанизација е закана за природата

Од:

Обемната студија во која се вброени сите аспекти за валоризација на заштитеното подрачје парк-шума „Водно“  денеска беше презентирана во големата сала на Град Скопје. Меѓу многубројните податоци во оваа студија за природните, социо-економските и остатнатите вредности на  „Водно“ обработени се и заканите односно дадено е резиме на главните фактори за уништување со кои се соочува ова подрачје. Тука се посочени експанзија на населбите, пробивање на патиштата, изградбата на предаватели и антени, заканите од ерозија, пожарите, губењето на хабитатите и др.

„Како резултат на истражувањата може да се заклучи дека досегашното управување на заштитеното подрачје Парк-шума „Водно”, од аспект на законските надлежности и преземени активности, не придонесе во доволна мера кон неговото соодветно интегрирано управување, односно не ги даде потребните ефекти, со оглед на што се јави несоодветно користење на земјиштето и неконтролирана урбанизација, пренамена на зелените површини на Водно во градежно земјиште и др. поради што се препорачува формирање на посебно Јавно претпријатие за управување со заштитени подрачја на територија на Град Скопје“, пишува во студијата.

Според градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, градежните работи на коридорот за изградба на гасоводот што минува низ Водно се готови во 90 проценти, а исечени се 100 проценти од предвидената шума.  Шилегов најави и подготовка на нова студија која ќе се однесува на изградба на оплеменување на Водно со спортско-рекреативни реквизити.

„Оваа студија која е прв ваков обемен и стратешки документ за Водно ни доаѓа токму кога коридорот за изградба на гасоводот што минува низ Водно е речиси готов. По долгите полемики лани, кога беа сослушани сите страни и  експерти за изградбата, а се направи промена на трасата проектот успешно се движи кон крајот. Сигурен сум дека не е направена штета врз придродните богатства на Водно а гасоводот а граќаните ќе имаат бенефоит од него. Откако е завршена оваа студија за валоризација на заштитеното подрачје Водно, подготвуваме нова за оплеменување на планината со спортско – рекреативни реквизити“, рече Шилегов.

Проектот за валоризација на Водно е финансиран од Еврoпската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020. Таа се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Предмет на оваа студија била ревизија на постојната Студија за валоризација на природните вредности на Парк-шумата „Водно“ од 2009 година.

„Со оглед дека во 2012 година од страна на МЖСПП беше донесен нов Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, извршено е нејзино ревидирање, односно пополнување со нови содржини согласно правилникот. Во оваа студија се дополнети геолошко-геоморфолошките и хидролошките информации за предметното подрачје, детално се обработени флористичките и фаунистичките карактеристики на подрачјето, како и хабитатите, фитоценозите и пределските типови. Во делот на социо-економските карактеристики обработени се населението и населбите, користењето на земјиштетео, постојната инфраструктура, како и стопанските дејности на подрачјето. Главен акцент е даден на идентификацијата и валоризацијата на важните екосистеми и живеалишта, како и на поедините видови растенија, габи и животни и нивната застапеност на меѓународните листи за заштита на биодиверзитетот. Истите се класифицирани според Светската црвена листа на IUCN, Европската црвена листа, Националните црвени листи, листите на видови на меѓународните договори од областа на заштитата на природата ратификувани од страна на Република Македонија“, пишува во студијата.

Во градителското наследство на Парк-шумата „Водно“ вонредно важни се сакралните објекти лоцирани во неговите граници, како што е манастирот Св. Пантелејмон, џамиите во селата Крушопек и Грчец. Црква Св. Пантелејмон – Нерези.

„Според добиените податоци од Агенцијата за катастар на недвижности, од 39,4 km2 или 3943.3 хектари во предложената граница-опфат, 25,83 km2 или 65,23% е државно земјиште, а 13,76 km2 или 34.77% е приватно земјиште. Овие податоци треба да се земат со одредена резерва, со оглед на тоа што мал дел од земјиштето, според катастарската евиденција има непознат сопственик или е „неизложено“. Како и да е, во структурата јасно доминира државното земјиште, особено во повисоките делови над 700 m надморска височина.“

Од увидот во ГИС системот на Министерството за економина, на подрачјето на Парк-шумата „Водно“ не се водат постапки и не се дадени концесии за детални геолошки истражувања како и експлоатација на минерални суровини. Од страна на Агенцијата за електронски комуникации која издава одобренија за користење на радиофрекфенции на правни и физички лица на подрачјето на Паркшумата „Водно“ се доделени повеќе одобренија, и истите се поставени во регистарот на издадени одобренија кој го води Агенцијата, така што за ова подрачје издадени се вкупно 116 концесии, пишува во студијата.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ