(ВИДЕО) Студенти: Студентскиот парламент најверојатно е партиски инструиран

Од:

Не за екстерното, порачаа студентите. Моделот кој го предлага владата според нив не е соодветно за оценување на студентите бидејќи се деградира автономијата на високо образовниот процес.

Студентите се оградија од сите политички етикети кои им се лепат за собирите кои ги организираат а на останатите колеги кои се дел од некоја партија им порачаа дека тие нема да бидат поштедени од екстерното тестирање а проблемот бил на сите студенти.

Студентите од ректорот Велимир Стојковски побараа да излезе со став дали го поддржува или не екстерното тестирање.

Добија одговор дека засега ректоратот нема добиено предлог од образование како би се спроведувало екстерното па затоа нема ни изграден став по ова прашање.

Студентите преку вакви собири сакаат да направат алтенатива на студентскиот парламент за да можат да си го кажат својот став.

„Ние секогаш ќе бидеме против екстерното во било каква форма. Ќе продолжиме да се собираме, наредно во шест часот во вторник на градежен. Милион пати сме се обиделе да ги исконтактираме од Студентскиот парламент да не поддржат и на крај сфативме дека тие немаат никаква цел да застанат зад студентите. Не сакам да навлегувам во техникалии зашто е тоа така, најверојатно се партиски инструирани или можеби се незаинтересирани. Тие ќе зборуваат дека екстерното е добро ние спротивното и ќе има контра тежа. Се надеваме дека бројот на студенти ќе биде доволно голем за да влезе во очите на јавноста дека студентите се против екстерното иако студентскиот парламент вика дека е добро“, изјави Бојан Матовски.

Студентите посочија дека ректоратот мора да има став по однос на екстерното тестирање а државниот испит за нив не смее никако да се воведе. Според нив активностите ќе продолжат а говорот на ректорот Стојковски кој се обидел да ги смири не поминал и тие ќе продолжат да се собираат додека образование не се откаже од идејата.

„Ние сеуште имаме студенти кои живеат во руинирани студентски домови, имаме студенти кои учат од неквалитетна литература, имаме студенти кои имаат неопремени амфитеатри за настава и има многу поважни проблеми за решавање отколку да се воведува државен испит со кој само ќе се наруши правото на образование и ќе се ограничат студентите да добијат соодветна настава. Не верувам дека некакви политички притисоци ќе ја растурат оваа толпа зошто мерката удира врз сите студенти вклучително и на оние кои се дел од политички партии“, изјави Александра Живковиќ.

Студентиете ги револтира инертноста на студентскиот парламент. Велат дека досега не слушнале став за екстерното тестирање и ги плаши нивниот молк но и тоа што токму тие се сметаат за релевантни преставници на студентите и се дел од сенатот на ректоратот.

Би можело да ве интересира

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов