(ВИДЕО) Студенти на протестот пред Влада: Правото стана алатка на богатите

Од:

Студенти од правните факултети од Македонија денеска на протестот пред Влада заедно со граѓаните кои трет пат протестираат по скандалот со Онкологија порачаа дека правото станало алатка на богатите.

„Гледаме како правото во нашата држава стана едноставно алатка на богатите и начин. На граѓаните им е преку глава, а тоа го изразуваат преку протест. Студентите се собраа да го изразат тоа преку протест. Злоупотребата на европското знаменце не треба да се случува. Сепак, ние сме дел од Европа и треба да го следиме европското законодавство, а овој начин на злоупотреба на европското знаменце не одговара и тоа се изразува преку денешниот револт кај луѓето кои се сведоци на драстично намалување на казните за злосторничко здружување и кривичните дела извршени во службена должност“, рече еден од студентите.

Иако тие имаа најавено посебен протест против измените на Кривичниот законик за денеска, сепак само еден од студентите излезе да зборува пред граѓаните.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот