ВИДЕО: Стотици верници низ улиците на Струга за време на традиционалната литија, дел без маски, сите без дистанца

Од:

Пандемијата предизвикана од коронавирусот, како и вонредната состојба, не ги спречи стружани и МПЦ да ја одржат традиционалната литија во Струга. Стотици граѓани шетаа низ струшките улици, дел од нив со маски, но без одржување на препорачаната дистанца од два метри. Ваквиот чин предизвика револт кај јавноста, која го осуди ова однесување.

Од снимките може да се забележи дека за време на одржување на литијата има и присутни кои немаат заштитна опрема, иако е задолжителна бидејќи не можела да се одржи дистанца меѓу нив. Покрај присутни без маски минува и полицијата, но не ги предиупредува за прекршувањето на уредбните донесени од Владата, ниту пак, ги казнува за неносењето на маски.


Литијата во Струга се одржува секоја година, традиционално еден ден по празникот Ѓурѓовден. Во храмот „Св.Георгиј Победоносец“ од страна на Метрополит Тимотеј и локалното свештенство, беше отслужена и панихида за покојните ктитори и градители.

Posted by Светлана Нестороска on Четврток, 07 мај 2020

Владата донесе уредба и е во сила, со која се забранува собирање на повеќе од пет лица на едно место. Наложено е и задолжително носење маски на места каде не може да се одржи дистанца од два метри.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски