(ВИДЕО) Стојановски: Велеа нема да сечат, а Тимчо и Данела направија масакар на дрвја во Аеродром

Од:

„Додека секојдневно Муцунски и Данела Арсовска се полни со зборови за зголемување на зеленилото во општина Аеродром и градот Скопје, делата покажуваат сосема поинаква состојба на терен. Се наоѓаме на улицата „Васко Карангеловски“ каде вчера се случи масовна сеча на високостеблести зелени дрва“, рече Антонио Стојановски од СДММ Аеродром.

„Само да потсетиме дека пред локалните избори градоначалникот Муцунски вети пред граѓаните дека ќе се спротивставува на секоја сеча на дрва во градот и општината.

Од тука прашуваме каде беше вчера градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото и да ги поддржи граѓаните во нивните спротивставувања на сечата на овие дрва, впрочем како што ветуваше токму од овде пред локалните избори. Зошто свесно ги лажеше граѓаните на општина Аеродром, градоначалникот Тимчо Муцунски?

Исто како и Муцунски, и градоначалничката Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрва и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата на овие дрва?

Муцунски исто така ја лажеше јавноста пред локалните избори дека наводно ќе изврши бришења на градежни маркици, а денес гледаме дека воопшто нема таква намера.

Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри. Ова е само дел од она што Муцунски го прави за само 6 месеци од неговиот мандат.

Општина Аеродром и нејзините граѓани не заслужуваат ваков градоначалник кој работи против интересите на граѓаните“, изјави Антонио Стојановски од СДММ Аеродром.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС