(ВИДЕО) Стојановски: Подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на сите граѓани во Општина Илинден

Од:

„Да се биде градоначалник на Општина Илинден е голема чест и вистинска привилегија, но истовремено и голема одговорност и предизвик.

И покрај многубројните предизвици во изминатиот период, ко­рис­теј­ќи ги на­ши­те рас­по­лож­ли­ви по­тен­ци­ја­ли, искус­тва, знаења и ка­па­ци­те­ти, це­лос­но се на­со­чив­ме кон ре­а­ли­за­ци­ја на планираните проекти со цел обез­бе­ду­вање на одржлив еко­ном­ско-со­ци­ја­лен рам­но­ме­рен раз­вој и прос­пе­ри­тет­на идни­на на цело­куп­но­то на­се­ле­ние во Општи­на Илин­ден.

Нашата цел е јасна, подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на сите граѓани во Општина Илинден.

Еден градоначалник секогаш размислува за следниот избор, за можноста за постигнување на ефект во целина и активирање на креативноста и иновативноста со своето целокупно знаење и искуство. „Да ги искористиме силните страни на Општина Илинден“ е моето мото, и Ние знаеме како да ги искористиме можностите, да обезбедиме нагорна линија за одржлив локален економски развој.

Политиката на ВМРО-ДПМНЕ која е насочена кон овозможување на просперитетна иднина и поквалитетен живот на граѓаните, и понатаму останува моја определба.

Затоа, ја барам вашата доверба да продолжиме со реализација на голем број нови капитални проекти, зацртани во нашата програма:

Подобрување на патната инфраструктура (изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локални улици и патишта);

Подобрување на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони;

Изградба на фекална канализација со пречистителни станици;

Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали;

Изградба и подобрување на систем за зафаќање и одведување на атмосферските води;

Изградба на детска градинка во Миладиновци, и згрижување на деца од најмалата група – воведување на „јасли“ во градинката „Гоце Делчев“;

Реконструкција на училиштата, обезбедување на просторни услови за одвивање на квалитетна настава, со воведување на целодневна настава;

Реконструкција и доградба на амбулантата во населба Илинден, со цел нејзино прераснување во Здравствен Дом, и воведување на дежурства;

Изградба на стадион со трибини во населба Илинден, со цел создавање услови за одржување на натпревари од повисок ранг;

Поставување на спортски реквизити и изградба на скејт парк;

Изградба на пешачки и велосипедски патеки за поголема безбедност во сообраќајот;

Модернизирање и проширување на водоводниот систем;

Воспоставување на гасификациски систем, воведување на гасификација на стопанските објекти;

Изградба на патна и комунална инфраструктура во новата населба „Јака“;

Како и повеќе други проекти дефинирани од секојдневните потреби на граѓаните на Општина Илинден.

Имаме јасна визија, Општина Илинден да прерасне во урбана, атрактивна и конкурентна Општина во регионот и пошироко, со создадени услови за одржлив економски и социјален развој како и квалитетен живот на населението. Општина Илинден – препознатлива, потврдена, економски силна, урбана општина со современи услови за живеење и стопанисување“, изјави Жика Стојановски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните

А1он

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината