(ВИДЕО) Стојаноски: Сега е време да им помогнеме на вистинските херои

Од:

„Државата постои за граѓаните и Македонија во ниеден случај или вонредна околност таа улога не смее да ја заборави.

Македонија се соочува со сериозни предизвици пред се од аспект на здравствената заштита пред епидемијата.

Сега е време да им помогнеме на вистинските херои коишто секојдневно се на првата линија во борбата со вирусот, здравствените работници, докторите, полицијата, армијата.

Но, Македонија се соочува и со сериозен предизвик и од аспект на економијата. Сега е време за Македонија и за подадена рака за сите кои имаат мислење, предлог или идеја како да им се помогне на работниците да си го зачуваат работното место.

Време е за да се слушнат сите идеи како да се спасат бизнисите, малите и средни фирми“, рече Бојан Стојаноски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е да се понуди помош како да има повеќе за наставниците и професорите, за медиумските работници, за администрацијата, за комуналните работници, културните работници, на оние во турустичкиот сектор, на занаетчиите, продавачите, пазарџиите, градежниците, на сите.

Време е кога мора да се најдат што подобри решенија за невработените лица, лицата во социјален ризик и на сите останати кои имаат потешкотии и во својата работа, но и проблем за обезбедување основна егзистенција.

Приклучете се на иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: ЗАТОА ШТО ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА”.

Преку електронската пошта „[email protected]“ испратете ни ги вашите но и проблемите на соседот, испратете ни ги вашите мислења, идеи и предлози.

Тука сме да си помагаме еден со друг.

Од Вашите пораки, ќе произлезат заеднички решенија за полесно да пребродиме од кризите.

Сега е време да помогнеме на секој и секаде, сега е време за целосна солидарност. Во вакви времиња на криза народот мора да биде слушнат. Тука сме да разговараме и помагаме, да доаѓаме до решенија за сите работи кој што го мачат обичниот човек. ЗАТОА ШТО ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА!“, изјави Бојан Стојаноски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС