(ВИДЕО) Стојаноски: На чие име легнале 750.000 евра изрекетирани пари од Боки 13

Од:

„Сведоци и вмешани во случајот „Рекет 2“, или таканаречениот случај „Меѓународен сојуз“, откриваат поврзаност на Мила Царовска со настаните и случувањата на таа невладина организација, преку која се перени пари и се уценувани бизнисмени.

Мила Царовска му праќала луѓе на Бојан Јовановски – Боки 13 за неговата невладина организација – „Меѓународен сојуз“, и ова го изјави лично Лилјана Тодоровска, жената која е автор на проектот за старски домови, а на која подоцна и биле префрлени 750.000 евра кои ги извадиле од сметка и ги дала на Јовановски“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие 750.000 евра се рекет кој го извршил Бојан Јовановски, врз бизнисменот Силјан Мицевски. Тој на судењето лани кажа дека неговиот договор со ГП „Пелистер“ не паднал од небо туку бил преку посредници. Тој кажа дека Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот за старски домови, но и дека имал и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски.

После ова сведочење на Бојан Јовановски, Царовска се закани со тужба за клевета, таа беше со став дека не ја познава Тодоровска, но една година подоцна нема тужба за клевета, а изјавата на Бојан Јовановски, дека Мила Царовска му праќала луѓе ја потврди и Лилјана Тодоровска.

Тодоровска во сведочењето пред судот кажа дека лично Мила Царовска ја упатила кај Бојан Јовановски.

– „Таа ми посочи ден, место и време кога ќе се основа „Меѓународен сојуз“. Местото беше во МСУ, лето 2017-тата година. Симпатично бев изненадена од лицата кои присуствуваа. Тука и се запознав со Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска“, кажа таа пред судот.

Со сведочењето на Тодоровска паѓаат во вода сите негирања на Царовска и се отвора ново и многу важно прашање на кое Царовска треба да одговори, каде и кога се видела со Лилјана Тодоровска? Зошто ја испратила во невладината на Бојан Јовановски и дали претходно била договорена со истиот да му праќа луѓе? Доколку да, што содржи таквиот договор помеѓу Царовска и Јовановски? Но и дали таа вршела влијание за на „Меѓународен сојуз“ да му бидат префрлени 750.000 евра од ГП „Пелистер“ на Силјан Мицевски?

Одговори веднаш, а одговорност ќе има наскоро!“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски