(ВИДЕО) Стојаноски: Функционерите на Заев го кршат Законот за јавни набавки и не ги објавуваат договорите

Од:

„Имаме сериозни сомнежи дека се злоупотребуваат парите на граѓаните преку системот на тендерски постапки и се овозможува одредени фирми да добиваат тендери во милионски суми со однапред скроени јавни повици со спецификации кои алудираат на однапред познати фирми.

Државните институции и општините се должни по склучување на одреден договор врз основа на тендерска постапка да го објават договорот со спецификациите, и со вкупна цена на интернет страницата на Бирото за јавни набавки. Ова е законска обврска согласно чл.70 ст.3 од Законот за јавни набавки“, рече Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Институциите и општините во последните неколку години откако со нив управува СДСМ и кадрите на Зоран Заев не го почитуваат законот, и не ги објавуваат договорите помеѓу министерствата, агенциите, општините и приватните фирми. Власта крие како се трошат стотици милиони евра народни пари.

Оваа незаконитост ја има констатирано и самото Бирото за јавни набавки, кое после огромен број неправилности во текот на месец април испраќа известување со кое ги задолжува функционерите од централната и локална власт согласно член 70 став 3 од Законот за јавни набавки да ги прикачат транспарентно и на увид за јавноста сите склучени договори со вклучени цени како би можела јавноста да го има на увид работењето на функционерите.

По ова известување од Бирото за јавни набавки до институциите некои од нив во 2021 година ги прикачуваат договорите од 2019 година, а голем број од институциите и покрај известувањето не ги прикачуваат договорите.

Се поставува прашањето – Што кријат институциите во фиока и зошто селективно се објавуваат договорите?

Дали во секој тендер скриен од јавноста имаме индиции за сторен криминал, односно нееднаков третман кон фирмите и склучување на договори со една фаворизирана фирма и тоа по цени далеку поголеми од пазарните?

Поради тоа што не сакаат да го почитуваат законот за јавни набавки и да кажат како ги трошат народните пари, ние ќе го сториме тоа место нив.

Одговорност за секоја криминална активност ќе има“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски