(ВИДЕО) Стојаноски: „Електра солушн“ од долна облека до надзор на најскапиот проект во државата

Од:

Оваа фирма за долна облека е стручната компанија за која говорат Груби и Ковачевски рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, зборувајќи од пред објектот на поранешна „Свилара” од Велес, погони во кои е регистрирана „Електра Солушн“.

– Во овие погони, оваа фирма која сега ќе го врши надзорот над Коридорите 8 и 10д произведувала долна облека. Тоа е експертизата која ја има „Електра Солушн“, од текстилен погон, до надзор на најскапиот градежен проект во државата. Покрај „Електра Солушн“ на синот Ампов, овде канцеларии има и „Институтот за патишта Велес“ на таткото Ампов, кој е добитник на првиот тендер за надзор, кој заради руската врска беше поништен, вели Стојаноски.

Најсимптоматично од се е вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ што во овие погони канцеларии има и Хрватската фирма со руски капитал „ИГХ“, која била носител на Конзорциумот со кој „Институт за патишта Велес“ го добива и првиот тендер.

– Откако договорот помеѓу „ИГХ“ и државата пропаѓа, се објавува нов, на кој наместо фирмата на таткото која се наоѓа зад овие погони зад нас, се јавува фирмата на синот, која исто така се наоѓа во погоните зад нас. Граѓаните може да видат дека се работи за текстилни погони. И така оваа фирма „Електра Солушн“ со искуство во производство на долна облека, како што самите тврдат била контактирана од големи странски фирми за да учествуваат заедно на тендерот вреден 22 милиони евра за надзор. Зарем ЈО и ДКСК веруваат во приказните дека странски фирми за надзор ќе бараат од фирма во Македонија производител на долна облека да им биде партнер во надзор, а потоа и да отстапат 2/3 од работата за сметка на македонските партнери производители на долна облека рече Стојаноски.

Стојаноски пoвика на итна реакција од Јавното обвинителство и од Антикорупциската комисија додавајќи дека власта со изборот на надзорот ризикува да ја посрамоти Мaкедонија и да го оштети буџетот.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Тендери без крај, енормно зголемена вредност, 13 експерти платени колку 92 работници – ЦГК објави три спорни случаи

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски