(ВИДЕО) Стојаноска: Владата неподготвена за корона, ниту реагира на високата цена на маските, ниту има капацитет за карантин

Од:

„Коронавирусот стигна и во Македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и владата на СДСМ покажаа неорганизираност и хаос.
Изразуваме огромна загриженост поради слабиот капацитет за организација на Владата и сите надлежни да се одговори на вака сериозна ситуација во која е загрозено здравјето на граѓаните.

Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не“, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа „сама заминала на Клиниката“, потоа кажаа „беше спроведена до Клиниката“, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека „не кажала на граница дека е болна“?!

Загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски. Но, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција. Зарем и во ваква ситуација профитерството е приоритет?!

Во целата ситуација, Владата покажува слабост и во делот на карантините. Едноставно нема соодветни капацитети за спроведување карантин за да се одговори на ситуацијата!

Подготвени сме да им помогнеме, им стоиме на располагање за помош.

Во оваа неорганизираност едно е јасно, од 12 април граѓаните ќе видат што е навремена и соодветна здравствена услуга!“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски