(ВИДЕО) Стојаноска: Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично

Од:

„Неспособноста на Венко Филипче и владата се плаќа со здравјето на граѓаните. Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари.

Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес конференции се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично“, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродрома за рано предупредување за заболени од корона вирусот. Ако имаше, тогаш немаше вирусот да се шири секојдневно и тоа од луѓе кои допатувале од кризните држави зафатени со епидемија на корона вирусот.

Второ, недозволиво е што директорката на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно. По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно.

Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка.

Владата заедно со стручните колеги од министерството да ги преземе следните мерки кои ги бараме:

1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст

2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,

3. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,

4.Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.

Дилетантскиот пристап на Филипче го загрози здравјето на граѓаните. Потребни се мерки кои ќе дадат резултати“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му