(ВИДЕО) Стојаноска: Филипче е единствено посветен на парцелите и хациендата во Нерези

Од:

„Министерот за здравство Венко Филипче изјавува дека опозицијата била виновна што бил блокиран кредитот од Светска Банка и дека постојано манипулира со бројките.

Ова претставува брутална лага од страна на човекот кој е пример за неуспех и кој на своја совест го има колабирањето на здравствениот систем, што народот го чини животи.

Единствен што манипулира е токму Венко Филипче кој велеше дека бројката на заболени ќе достигне 2.000, а денес имаме над 12.700 заразени. Фијаско! Десет пати повеќе од тоа што Филипче го прогнозираше“, вели Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче, слушајќи го својот ментор, претходникот, оној кој го нарекуваа министер за смрт, воведоа систем кој не дава резултати и кој е еден од најнеуспешните во Европа. Токму поради неспособноста на овој човек денес граѓаните се затворени во кафез и земјите од Европската Унија и понатаму остануваат затворени за нас за движење.

Кредитот од Светска Банка, за кој вели дека не бил одобрен од опозицијата, е само параванот со кој Филипче сака да ја крие од јавноста и да ја оправдува својата неспособност.

На крајот, што ја спречуваше владата, чиј министер е Филипче, да го одобри кредитот од Светска Банка со еден потпис на нивниот министер, како што тоа веќе еднаш го направија во февруари оваа година. Главната поента е што, од една милијарда евра кредити, сите до едно евро се потрошија на изборен поткуп, а во здравството, наместо борба против корона, се изгради една монтажна болница која е странска донација.

Што стана со Клиничкиот центар кој го ветуваше Филипче? Ниту една цигла не е ставена. Брутално излажа. Се стопираше и градбата на Клиничката болница во Штип.

Што стана и со помошта која ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски ја побара и договори со словенечкиот премиер Јанша во справувањето со Ковид – кризата?

Единствено што Филипче го интересира е личниот интерес. И во тој контекст Филипче, наместо справување со Ковид кризата, единствено останува посветен на парцелите и хациендата во Нерези. Само таму, без застој, се развива проектот „Касарна” на министерот за здравство.

Неуспехот во борбата против короната има име и презиме. Се вика Венко Филипче“, изјави Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски